Медиуми: „Панцир“ одби напад на сириски терористи

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Противвоздушната одбрана на руската воена база Хмејмим во Сирија пресретна две ракети истрелани од терористите.

Руски зенитен ракетно-топовски систем „Панцир-С1“ пресретна две ракети кои терористите во Сирија ги истрелаа во правец на воздухопловната база Хмејмим, јавуваат медиумите.

Терористите ги истрелаа ракети во правец на руската воена база од населбата Бдама во провинцијата Идлиб. „Панцир-С1“ уништи две од нив. Третата ракета експлодираше во околината на градот Џабла во провинцијата Латакија откако не долета до базата.

Хеликоптерите на руските воздухопловни сили летаат над реонот од каде се истрелани ракетите.

Во петокот рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу изјави дека руската војска во Сирија има противвоздушна одбрана. Тој нагласи дека системите С-400, С-300 и „Панцир“ заедно со борбените авиони ја обезбедиле супериорноста на Воздушно-космичките сили на Русија во сирискиот воздушен простор. Според министерот, не е дозволен ниту еден напад врз руските воени бази во Тартус и Хмејмим.

Прочитајте кои се  Најопасните руски зенитни системи