КамАЗ ќе почне да произведува мотори и менувачи за „Хјундаи“

x99/Zumapress/Global Look Press
Претставници на корејската компанија престојуваа во посета на фабриката на рускиот автомобилски гигант КамАЗ за да ги проценат можностите за производство на мотори и менувачи во погоните на руската фирма.

Раководителот на рускиот огранок на „Хјундаи“ Ентек Ли разговараше во текот на посетата со претставници на КамАЗ за перспективите за соработка. Корејската компанија сака да го пренесе во Русија производството на автоделови за своите модели кои се склопуваат во Санкт Петебург.

Како што соопштено од службата за односи со јавноста на КамАЗ, на состанокот се разгледувани можностите за производство на мотори и менувачи за модели како што се „Хјундаи Соларис“, „Хјундаи Крета“ и „Киа Рио“. Покрај тоа, Корејците планираат следната година на пазарот на Руската Федерација да пласираат три нови кросовери, пренесуваат руските медиуми.

Дали руската автоиндустрија ќе може да им конкурира на странците со новиот  предлог за дизајн на „Волга“

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња