Компјутерскиот вирус Петја „погребан“ во Москва

Наука и технологија
АРСЕНИЈ КАЛАШНИКОВ
Технолошката сцена во Москва беше обележана со „погреби“ на крајот од 2017 година. Во ноември во Москва се отворија првите роботски гробишта во светот, а кон крајот на декември вирусот Петја доби „надгробна плоча“ во Сколковскиот технопарк.

Во јуни 2017 година вирусот Петја инфицираше компјутери во неколку земји, вклучувајќи ги Русија, Украина, Франција, Индија и САД, барајќи од корисниците да платат 300 долари „откуп“ за да ги отклучат своите компјутери.

Всушност, никогаш немало намера за враќање на компјутерите на нивните сопственици. Наместо тоа, вирусот беше создаден за да ги избрише и да ги уништи сите записи од целните системи.

„Маерск“, најголемата во светот корпорација за транспорт на контејнери, фармацевтскиот гигант „Мерк“ и кондиторската компанија „Кадбери“ беа меѓу многуте нападнати. Се проценува дека вкупната штета надминува 8 милијарди долари.

Споменик на смртта на вирусот беше поставен во близина на зградата на Сколковскиот Технопарк, која е една од најголемите во Русија. Двометарскиот споменик, направен во форма на оштетен хард диск, беше создаден со поддршка од компании погодени од сајбер нападот.

„Ова е споменик на технолошкиот вирус кој ги погоди и парализираше најголемите корпорации во Русија, но кој беше поразен од човештвото“, рече Сана Кагермазова, проект менаџер на Кластерот за биомедицински технологии „Сколково“. „Ние сме многу задоволни што овој споменик се наоѓа на влезот во технопаркот“.

На натписот на споменикот стои: „Тука почива компјутерскиот вирус Петја, поразен на 27.06.2017“.

Прочитајте повеќе за  4 познати руски хакери