Вирусот Petya погоди повеќе од 80 компании во Русија и Украина

Причина за масовниот хакерски напад врз нафтени, телекомуникациски и финансиски компании од Русија и Украина е вирусот-изнудувач Petya, кој бара 300 долари во биткоин за деблокирање на компјутерите, соопшти компанијата Group-која е специјализирана за решенија за рано откривање на сајбер-закани.

Од прес-службата на компанијата Group-IB соопштија дека нападот се случил околу 14 часот по московско време. Начинот на ширење на вирусот-изнудувач Petya во интернет-мрежата е аналог на вирусот WannaCry.

Компанијата соопшти дека жртви на сајбер-нападот се руските компании „Башнефт“, „Роснефт“, TESA, украинските „Запорожјеобленерго“, „Днепроенерго“, „Днепровски електроенергетски систем“, „Нова пошта“, „Ошчадбанк“, меѓународната Mondelez International, американската Mars, германската Nivea.

Вкупно од вирусот настрадаа повеќе од 80 компании,  пренесува RNS.

Цел на нападот биле и киевското метро, компјутерите во владата на Украина, продавниците „Ашан“, украинските оператори („Киевстар„, LifeCell, „Укртелеком“), „Приватбанк“ и аеродромот „Бориспољ“.

Во вторникот се дозна дека серверите на „Роснефт“ биле подложени на силен хакерски напад. Компанијата се префрли на резервниот систем на управување со производствените процеси и притоа успеа да не го запре производството на нафта, пишува „Взгљад“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња