Според оценката на германските новинари, врвниот модел на „Лада“ се продава во Европа подеднакво добро како и теренецот „4x4“ и хечбекот „Гранта“. За главна карактеристика на автомобилот е прогласена неговата добра прегледност.
Тешко може да се најде уште некој автомобил кај кој при свртување на погледот преку рамо може да се забележат толку велосипедисти и пешаци кои се приближуваат, нагласува весникот.
Меѓу позитивните особини на автомобилот се истакнати пространата внатрешност, удобните седишта, големиот багажник и касетата пред совозачот. Меѓутоа, има и забелешки, како што се непријатноста при брзина поголема од 180 километри на час, но и забележливата пауза на автоматскиот менувач при менувањето на брзини.