Руски научници конструираа супер-отпорно тркало за оклопни борбени средства

Слободан Ѓукиќ
Група руски конструктори почна со работа за создавање на практично неуништливо тркало, кое ќе му обезбеди на возилото понатамошно движење без оглед на оштетувањата кои денес се незамисливи. Тоа според прелиминарните резултати од техничките испитувања ќе обезбеди носивост од 4000 кг при максимална брзина и до 80 км/ч. Исто така тука е и новиот тип на динамичка заштита „Монолит“ која значително ќе ја унапреди оклопната заштита на тенковите.

Специјалистите на рускиот научноистражувачкуи институт НИИ од Москва направија голем напредок во развојот на проектот за специјални непробојни тркала за потребите на Министерството за одбрана на Русија. Ова го пренесува весникот „Експорт вооружениј“според интервјуто што го даде за ова списание генералниот директор на НИИ Дмитриј Купронин.

„Во нашиот институт се спроведуваат интензивни истражувања на план на севкупното зголемување на борбената жилавост на воената техника која е базирана на тркала. Конкретно, се работи за тркала кои можат, и покрај сериозните оштетувања, да му обезбедат на возилото понатамошно движење. Една од најслабите алки на денешните оклопни борбени возила на тркала се токму нивните пневматици. Тие се чувствителни на муниција од стрелечко оружје, а особено страдаат кога наидуваат на поставена мина или импровизиран експлозивен уред. По ваквиот развој на настаните, кој е доста честа појава на фронтот, возилото главно останува целосно но неупотребливо сѐ  додека тоа го поправи техничката служба и повторно се врати во функција. По тој повод значително се зголемува степенот на потенцијалните загуби, како на екипажот кој бил во возилото, така и на мобилно-ремонтната екипа на механичарите кои, главно, низ дожд од куршуми, доаѓа до онеспособеното возило. Исто така, постои и мошне голема загуба на време, што е од примарна важност за успешно одвивање на модерни борбени операции кои мораат да бидат исклучително усогласени и кои се временски прецизни и ограничени. Затоа група конструктори се фатија за работа да создадат практично неуништливо тркало што ќе му овозможи на возилото понатамошно движење. Според прелиминарните резултати од техничките испитувања, тоа ќе обезбеди носивост од 4000 кг при максимална брзина и до 80 км/ч“.

Според руската медиумска компанија РГ, покрај овие супер-отпорни тркала, НИИ паралелно развива и динамичка заштита за оклопната техника. Веќе е конструирана динамичка од типот „Монолит“ која треба да го заштити рускиот тенк Т-14 „Армата“. Тука е применет друг принцип на заштита, каде врз каросеријата на тенкот се става високоенергетски материјал наместо кутии со експлозив. Ова во голема мера ги намалува потенцијалните загуби во жива сила, која настапува покрај тенкот, а кои се многу можни кога доаѓа до експлозија на кутиите со експлозив и распрснување на основниот оклоп пукна поради ударот на противтенковскиот проектил во тенкот. Покрај тоа, овие високоенергетски материјали ја намалуваат вкупната маса на тенкот, а во исто време можат ефикасно да неутрализираат тандем-кумулативна ракета истрелана од познатиот руски противтенковски ракетен систем „Корнет“, кој се смета за најдобар во светот, особено кога станува збор за пробивање на современите оклопи.

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња