Тенковите Т-90С добија нова оклопна заштита на бочните страни на тенкот, која значително ќе ја зголеми отпорноста на кумулативната муниција од различен тип.
Минатата недела во рамките на емисијата „Вести на неделата“ која се прикажува на рускиот ТВ-канал „Русија 1“, демонстрирана е новата извозна варијанта на основниот борбен тенк Т-90С.
Судејќи според видеоматеријалот, тенкот е опремен со нив тип бочен и решеткаст оклоп (противкумулативна решетка), кој претходно беше успешно демонстриран на тенкот Т-72Б3 во рамките на големата воена вежба „Запад-2017“.
Оваа екстремно заштитена варијанта на тенкот дополнително е опремена со реактивни оклопни плочи кои се наоѓаат на најчувствителните делови на корпусот на тенкот.
Според воените експерти, овој тип на модернизација е резултат на воените искуства од просторите на Сирија, како и од проучувањето на примената на оклопната техника во други конфликти ширум светот.