Првиот пробен примерок на новиот мотор ќе биде претставен до крајот на оваа година, додека сериското производство на камионот со 12-литарски мотор ќе почне кон крајот на следната. Новиот модел ќе се произведува во градот Набережни Челни.
Возилата ќе се склопуваат во заедничкото претпријатие „Дајмлер КАМАЗ Рус“ кое годишно може да произведе 30 илјади мотори. Во првата серија на пазарот ќе бидат пласирани 5000 примероци од новиот „Камаз“.