Церемонијата за прием на новата техника е закажана за 11 декември и ќе биде одржана на територијата на бригадата во населбата Маршал Жуков. Стручњаците на оваа воена единица веќе го одобрија приемот на системот „Бук“ во фабриката. Екипажите ќе учат да ракуваат со новото оружје во Оренбуршкиот центар за обука на припадниците на ПВО, пренесува порталот rg.ru.
Противвоздушниот систем со среден дострел „Бук-М3“ е примен во руската армија 2016 година. Неговата намена е борба со цели кои маневрираат во воздух. Системот функционира во услови на интензивен непријателски оган и радиоелектронски пречки. Најважните разлики од претходната генерација (Бук-М2) се обновената електроника, можноста за лансирање на ракети во сите правци и поголем број ракети (новиот систем има шест, а стариот имаше четири ракети).
Дивизиски комплет од овие системи истовремено може да гаѓа 36 цели во радиус од 70 километри. Веројатноста за погодок во авион или хеликоптер изнесува 0,9999, а за крстостувачка ракета 0,8. Според мислењето на експертите, новиот „Бук“ според борбените каратеристики нема пандан во светот.
Копнените сили во 2016 година добија два дивизиски комплети со системите „Бук-М3“. Неодамна најновите системи за ПВО почнаа да го контролираат небото над Северен Кавказ.