На рускиот Далечен Исток се појавија страшни „морски црви”

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Луѓето беа згрозени кога ги видоа овие необични суштества. Сепак, се покажа дека тоа се само алги, а не вонземјани.

Луѓето од Чукотка на Далечниот Исток на Русија, како и морнарите во Беринговото море, веќе некое време се збунети од мистериозните облици со кафена боја што се појавија во океанот. Некои мислат дека тоа се антропогени мутации на некои животински видови, а јасно е и поради што: по малку личат на чудовиштето од „Осмиот патник”. 

Се покажа, меѓутоа, дека потеклото на овие страшни суштества е помалку возбудливо: се работи за алга позната под називот Nereocystis luetkeana. Таа потекнува од брегот на Тихиот океан во Северна Америка, што значи дека поминала долг пат. Алгата може да достигне 25 метри должина, има 20 сантиметри во пречник и се припива до карпи и морското дно. Во текот на декември оваа морска трева се разнесува во другите делови на светот.