Видео: Лансирање на ракети „Тор-М2”

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
На интернет се појави ефектна видео снимка од истрелување на ракети од противвоздушен систем „Тор-М2“ во Јужниот воен округ. Снимката ја објави Министерството за одбрана на РФ.

Лансирањето на ракетите е снимано од земја, воздух и од борбените возила. Прикажана е стрелба од место и во движење, како и уништување на цели.

Тактичкиот противвоздушен ракетен систем „Тор“ може да се користи за заштита од напади на противрадарски и крстосувачки ракети, беспилотни летала, паметни бомби, авиони и хеликоптери. Овој систем успешно соборува дури и цели направени според стелт технологијата, пренесува порталот rg.ru.

Системот „Тор“ има можност за далечинско управување, а исто така може автоматски да ги соборува сите воздушни цели кои не се детектирани според принципот „свој-туѓ”.

„Тор-М2“ се разликува од претходните верзии по тоа што во комплетот има повеќе ракети (вкупно 16) и може да ги лансира ракетите во движење. Покрај тоа, ракетите на овој систем се попрецизни.