Во Русија се појави нов тип на балистички ракети, базирани на морското дно

Министерство за одбрана на РФ/Global Look Press
Армијата на Русија во својот арсенал ги има балистичките ракети „Скиф“ базирани на морското дно, соопшти Виктор Бондарев, поранешен командант на Воздушно-космичките сили на Русија и шеф на Комитетот за одбрана и безбедност во Советот на Федерацијата.

„Денес во арсеналот имаме уникатни стратешки бомбардери (Ту-160), оперативно-тактички ракетни системи со моќни балистички и крстосувачки ракети (семејство „Искандер“), тешките ракетни системи „Сармат“, системи за ПВО (С-400), интерконтинентални балистички ракети, нуклеарни ракетни крстосувачи со моќни противбродски ракети (хиперсоничната ракета „Циркон“) и ракетите „Скиф“ базирани на морското дно“, го цитира „Росијскаја газета“ рускиот сенатор

Балистичката ракета „Скиф“ е конструирана 2013 година од Централното конструкторско биро „Рубин“ заедно со Државниот ракетен центар „Макеев“. Оваа ракета може долго да се наоѓа во режим на исчекување на дното на морето и на океанот, а кога ќе добие команда за лансирање излетува од водата и уништува цели на копно и во море.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња