Руската морнарица доби „стелт“ корвета

На патролниот брод „Совершени“ во Владивосток свечено беше подигнато воено-поморското знаме.

Во Владивосток денеска беше одржана свечена церемонија на кревање на воено-поморското знаме на новата корвета во составот на Тихоокеанската флота „Совершени“.

Задачата на бродот е борба против непријателски бродови и чамци во блиска поморска зона, како и артилериска поддршка на десант.

„Совершени“ е четвртата сериска корвета од проектот 20380 кој го разви Централното поморско конструкторско биро Алмаз.

Во текот на изградбата на бродот, применети се низа нови разработки, вклучувајќи и „стелт“ технологијапренесува RT.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња