Централата се разликува од сличните проекти по тоа што користи неколку извори за создавање на електричната енергија. Покрај вообичаениот агрегат на дизел гориво од 30 киловати, таа е опремена и со соларни панели и генератор на ветер. Има дури и мал генератор на вода. Според производителот, оваа мини електрана може да влезе во помала река или поток и со помош на водениот тек да ја создава потребната електрична енергија.
Во споредба со обичниот агрегат на дизел гориво, ваквата електрична централа има далеку поголема моќност при максимално оптоварување, а хибридниот принцип на работа ѝ овозможува да прави многу помала бучава, бидејќи агрегатот на дизел гориво се користи првенствено за полнење на литиум-јонските батерии на самата централа, што значително ја намалува потрошувачката на гориво и трошоците за сервисирање.
Модуларната конструкција на СГДЭС-30 е максимално прилагодена за употреба во различни природни услови. На пример, соларните панели можат да се заменат со дополнителниот генератор на ветер, и обратно, во зависност од должината на денот и ноќта на теренот каде што се користи централата.
Сите генератори на електрична енергија се компактно наредени во блиндиран контејнер, а контејнерот може да се монтира на теренско возило КАМАЗ-6350 или на приколка со четири тркала.
Според мислењето на воените експерти, оваа централа ќе ѝ биде од голема корист на руската војска за време на извршувањето на задачите на подрачја со различни климатски услови.