Египет потпиша договор со Русија за купување 50 руски хеликоптери Ка-52 „Алигатор”, пишува ТАСС, повикувајќи се на извор во воено-дипломатските кругови.
Како што изјави изворот, Русија може да му продаде на Египет верзија на ова летало наменето специјално за францускиот носач на хеликоптери од класата „Мистрал“.
„Договорот е потпишан. Египетската страна може да ја добие верзијата на хеликоптерот Ка-52К наменета за носачите на хеликоптери „Мистрал“, ги цитира ТАСС зборовите на изворот.
Во средата агенцијата „Ројтерс“, повикувајќи се на информиран извор во Министерството за одбрана на Франција, соопшти дека Египет ќе ѝ плати на Франција 950 милиони евра за испорака во 2016 година на двата носачи на хеликоптери „Мистрал“ кои првично беа наменети за Русија, пренесува „Форбс“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче