Извор: РИА „Новости“.
Како што изјави Сергеј Коротков, стручњаците на корпорацијата веќе работат на концептот на новиот ловец. „Знам дека ова е само една од идеите, еден од правците на кои работи конструкторското биро“, рече тој. „Се надевам дека наскоро посериозно ќе се развиваме во тој правец“.
Коротков не прецизираше колку далеку има отидено корпорацијата во своите истражувања, но смета дека е „во целост веројатна“ појава на нов воен авион. „Најважно е дадениот проект да се нарача“, рече тој. Сергеј Коротков го одбива тврдењето за тоа дека работата на ловецот од петтата генерација предизвикува судир помеѓу РСК МиГ и компанијата Сухој, која моментално разработува сопствена верзија на авион од петтата генерација ПАК ФА.
„Станува збор за два сосема различни авиони што ќе решаваат различни задачи“, изјавува тој. Максималната полетна маса на МиГ-35 е речиси 5 тони помала од онаа на ПАК ФА, па затоа ќе биде покорисен, претпоставува Коротков, во извршувањето на поголем дел претпоставени задачи. „Сметаме дека МиГ-35 има платформа која во иднина би можела да биде основа на ловците од петтата генерација“, изјавува тој.
Во моментов РСК МиГ очекува договор со Министерството за одбрана на Руската Федерација за испорака на МиГ-35. Според Коротков, сета потребна документација е претставена во Министерството за одбрана и се надева дека договорот ќе биде склучен оваа година.
Постои можност овој ловец да се извезува. Во медиумите често се среќаваат информации за намерата на Египет да купи 24 вакви машини со мотор РД-33МК. Но, Коротков не сакаше да ги коментира ваквите наводи. Во април РСК МиГ доби договор од Министерството за одбрана на Руската Федерација за испорака на Авијатичките воени сили на Русија дополнителни 16 ловци МиГ-29СМТ.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче