Видео: Рачен ракетен фрлач „Приз“ уништува оклопно возило

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
На интернет се појави снимка од тестирањето на рачниот реактивен ракетен фрлач „Приз“. Новинар на ТВ-каналот „Русија“ со еден проектил уништува автобус, со друг разнесува во парампарче купола на оклопно возило.

Тајната на разорната сила лежи во новиот експлозив на ракетниот фрлач. „Приз“ е двапати помоќен од фрлачот „Шмељ“ и проектилот не е обичен, туку термобаричен, кој го користи кислородот од околниот воздух. Така настанува силен експлозивен бран, а температурата во зоната на експлозијата достигнува илјада степени.

Експлозијата по својата сила може да се спореди со експлозија на бомба со силина од 8-9 кг ТНТ. Резултатот е очигледен: ракетата со должина од еден метар го згужва стариот автобус како салвета, а заштитеното од стрелечко оружје оклопно возило остана без купола.

Покрај другото, фрлачот „Приз“ е за третина полесен од „Шмељ“.