Рускиот СПЕЦНАЗ го доби најмалиот ракетен фрлач на светот

„Бур“, најмалиот ракетен фрлач на светот, производ на Тулското конструкторско биро „Академик Шипунов“, стана дел од вооружувањето на руските антитерористички едиици, соопшти компанијата.

Со појавата на овој систем Националната гарда и силите за специјални операции на Министерството за одбрана ќе добијат компактно, но многу моќно според својот ефект оружје кое припаѓа на класата на „џебна артилерија“. Новото универзално офанзивно оружје овозможува извршување на задачите за огнена поддршка во различни услови на борба одблиску.

„Пред конструкторите беше поставена задача врз основа на  анализа на примената на средствата за борба одблиску да се создаде најлесниот ракетен фрлач на светот, кој ќе овозможува водење борбени операции во секое време. Работата беше спроведена по сопствена иницијатива. На државните испитувања ракетниот фрлач беше користен во соработка со безбедносните сили. Успешно ги помина државните испитувања и е примен во вооружувањето“, изјавија за „Известија“ од КБП.

Моќта на боевата глава на „Бур“ во ТНТ еквивалент изнесува речиси 6 кг. Масата на наполнетото оружје со граната е само 3,5 кг. Ефективниот дострел е до 650 метри, максималниот над 900 метри. Според деструктивната сила истрелот може да се спореди со експлозијата на полнење на граната на 120-милиметарска хаубица.

 

 

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња