Богатите странци подготвени да платат за приватен суперсоничен Ту-160

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Богати странци повеќе пати сакаа да купат од руската компанија „Туполев“ личен патнички суперсоничен авион врз база на бомбардерите Ту-160 и Ту-22М3, изјави заменик-генералниот директор за проектирање на компанијата Валериј Солозобов.

„Богаташи од различни земји не престануваат да ни пишуваат: направете ми личен суперсоничен авион врз база на носачите на ракети Ту-160 и Ту-22М3. Одвреме-навреме добиваме писма со такви барања, па дури и преку „Рособоронекспорт“, изјави Солозобов за медиумите.

Меѓутоа, тие барања не се исполнети. Како што изјави стручњакот, претворањето на Ту-160 во патнички авиони би чинело прескапо, а покрај тоа, технологиите што се користат се држат во тајност.

Сепак, компанијата размислува за создавање надзвучен авион за бизнис летови за 25 патници. Таквиот авион на течен водород би можел за два-три часа да превезе бизнисмени на неколку илјади километри.

„Можности има, но е потребен купувач“, рече Солозобов.