Целата моќ и убавина на руската армија во една видео-снимка

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
На интернет се појави видео-снимка во која е прикажано дејствувањето на различните родови на руската армија на големи маневри и во антитерористичката операција во Сирија.

Видео-снимката ја подготви екипата на ТВ-каналот „Ѕвезда“. На неа е прикажано мајсторството на руските воени пилоти, тенкисти, падобранци, артилерци и митралесци.

Прикажани се, меѓу другото, и ефектни сцени од лансирање на ракети „Калибар“ од бродови, како и сцени на содејство на јуришни хеликоптерски одреди и авиони кои ракетираат цели. Особено внимание заслужуваат сцените со полетување на стратешките бомбардери Ту-160 „Бел лебед“.