Трамвајот со футуристички дизајн наречен R1 (Russia One - „Русија Еден“) нема да се појави на улиците на државата откако корпорацијата „Ростех“ – која го произведе трамвајот – не успеа да најде купувач.
Првпат презентиран на годишниот Меѓународен саем за индустриска трговија ИННОПРОМ во 2014 година, трамвајот беше наречен „Ајфон на шини“ и „Бетмобил“.
Global Look Press
„Проектот не најде купувачи“, изјави директорот за Посебни проекти во „Ростех“ Василиј Бровко. „R1 е навистина многу убав. На сите им се допаѓаше R1 и тоа предизвикуваше возбуда, но никогаш не успеа да се најде на пазарот – и никогаш нема. Прво, нема подвозје и второ, трамвајот не може лесно да се поправа. Доколку некој скрши нешто беше целосно нејасно како ќе нарачате резервен дел и колку долго ќе треба да го чекате“.
Global Look Press
Дарја Кезина