„Ди Велт“: Русија прави супертрамвај во Бетмен-стил

Во најскоро време на улиците на Екатеринбург, Омск и Москва ќе се појави „супертрамвај на иднината“, произведен во „Уралвагонзавод“, пишува германскиот весник „Ди Велт“.

Русија е една од земјите која во градовите најмногу користи трамваи за јавен превоз, а сега подготвува сериско производство на „трамвај од соништата“ кој личи на „Бетмобил” и кој ќе диктира ниво во целиот свет, пишува германски „Ди Велт“. 

Корпорацијата „Уралвагонзавод“, која се занимава со производството на најновиот руски трамвај „Русија 1“ (Russia One) (R1), гордо го нарекува „првиот трамвај од бизнис-класа на светот”, истакнува весникот.

Трамвајот веќе се користи во пробен режим, а сериското производство почнува од 2016 година.

Премиерот на Руската Федерација Дмитриј Медведев веќе имаше можност да се вози во новиот трамвај и се воодушеви, најмногу поради фактот што R1 е направен во Русија од руски делови.

Цената на рускиот супертрамвај е проценета на околу 1 милион евра. Тоа значи дека е речиси двојно поевтин од своите европски конкуренти, смета „Ди Велт“.  

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња