Руско езеро со сите риби исчезна под земја

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
„Виновник“ е наводно карстен феномен.

20 метри длабокото езеро во шумата Саканци во Владимирската област исчезна под земја. Началникот за водни ресурси на Владимирската област Иван Шапошников изјави за „Интерфакс“ дека се работи за карстен феномен.

Според него, тлото, односно земјата што еродира, создава дупки во карпестото подрачје, што довело до исчезнување на езерото и рибите. „Веројатно еродираното подрачје ќе биде повторно поплавено, па езерото одново ќе се појави. Во моментов место езеро имаме само пукнатина, односно дупка“, рече Шапошников.