Министерството за одбрана на Русија успешно го тестираше „УАЗ Профи“

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Рускиот теренец во текот на тестирањата се искачи на висина од преку 3000 метри, а го посети дури и Елбрус.

Тестирањата се спроведени во рамките на проверката на функционирањето на перспективните модели на техника при употреба во војската. За месец дена од тестирањата камионот помина повеќе од 5000 километри движејќи се низ градови, преку неуредени терени, па дури и низ пустина.

„УАЗ Профи“ на тестирањата покажа одлични особини при движење во тешки услови. Меѓу другото, при искачувањето на Елбрус, камионот се сретна со ниски температури и намалена густина на воздухот. Исто така се наведува и дека ова теренско возило на песок се покажало подобро од воената оклопна техника.