На страницата на Уљановскиот завод за автомобили на Фејсбук се објавени скици за новиот кросовер на УАЗ.
Како што беше објавено претходно, УАЗ во иднина планира да произведе нов модел, кој за разлика од сегашните „Патриот“ и „Хантер“, ќе одговара за градски услови. Овој автомобил треба да биде покомпактен од „Патриот“, посовремен, а најважно – поекономичен. Во него ќе бидат реализирани 30% од технолошките решенија кои се разработуваат во рамките на единствената платформа за проектот „Кортеж“.
Кросоверот на УАЗ ќе ја добие ознаката 3170. Според непотврдени информации, ќе биде со компактни димензии и нов мотор кој ќе биде поефикасен од сегашните мотори од 2,7 л и 2,2 л. Ќе биде понуден 6-степенст механичен менувач. Не е исклучено да добие и напреден систем за безбедност, заснован врз технологијата за помош на возачот VISION ADAS, која сега се тестира во УАЗ. Таа вклучува монокамера и видеоконтролор за препознавање на знаци за забрана и предупредување, обележувања на патот, пречки и пешачки премини.
Производство на кросоверот ќе започне во 2020 година, пренесува „Авторамблер.ру“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче