Ловци Су-57, претходно познати како Т-50.
Алекс Белтјуков/ВикипедиаРускиот ловец од петта генерација ќе ја контролира не само својата положба во просторот и времето на летот, туку ќе може да го следи и електромагнетниот спектар, што ќе го направи авионот заштитен, пишува весникот „Известија“.
„Руските ловци од петта генерација ќе војуваат во пет димензии. Тие ќе можат да ја следат својата положба во просторот (оските Х, Y, Z), времето на исполнување на задачата, а исто така и да го контролираат околниот електромагнетен спектар“, се вели во материјалот на весникот.
Се истакнува дека тоа ќе ги направи ловците неранливи за средствата за радиолектронски пречки на противникот и ќе им овозможи да ги откриваат целите со локатори и да ги наведуваат на нив ракетите и високопрецизните бомби. Притоа руското летало со помош на инсталираните системи за радиоелектронска борба ќе биде заштитено.
Пред секој лет за ловецот се подготвува специјална програма за летање – разузнавачки податоци, информација за состојбата на паркот на овие авиони, вооружувањето, пишува весникот. Овие податоци влегуваат во компјутерот на авионот.
„Приближувајќи се до целта, ловецот ќе биде заштитен од средствата за радиоелектронска борба на противникот, правејќи пречки меѓу ловците и системите за ПВО. И поради изградениот штит ќе може да го скенира просторот барајќи цели и да го наведува своето оружје врз нив“, се вели во материјалот што го пренесува РИА „Новости“.
Рускиот мултифункционален ловец од петта генерација Су-57 ќе стане дел од вооружувањето на руските Воздушно-космички сили веќе во 2018 година, изјави командантот на ВКС на Русија генерал-полковник Виктор Бондарев. Првата партија ловци, претходно познати како Т-50 и изградени во рамките на проектот ПАК ФА, ќе изнесува 12 летала, пренесува RT.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче