Нема многу време: Русија со забрзано темпо го прави новиот военотранспортен авион Ил-276

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Во декември фабриката „Ил“ ќе почне да работи на конструирање на военотранспортниот авион Ил-276 од средна големина, соопшти за ТАСС раководителот на програмата Игор Бевзјук. Првиот лет е планиран за 2023 година.

„Од декември почнуваме да правиме скица на моделот Ил-276. Планирано е првиот пробен примерок да биде готов во првиот квартал на 2023 година. Проектот ќе биде завршен 2025 година, кога авионот ќе добие конечна ознака, а 2026 почнува сериското производство“, рече Бевзјук.

Од фабриката „Ил“ истакнуваат дека не останало многу време за конструирање и тестирање на новиот авион, затоа што 2023 година истакнува рокот на траење на военотранспортните авиони Ан-12. Нив ќе ги замени новиот авион.

Ил-276 (понова варијанта на моделот Ил-214) е тактички военотранспортен авион смислен од Конструкторското биро „Илјушин“. Првично тоа беше руско-индиски проект, но во 2015 година Индија се откажа. Предвидено е овој реактивен авион да ги замени турбо-елисните авиони Ан-12 и Ан-26 во Воздушно-космичките сили на Русија. Според проектот Ил-276 може да носи 80% товар и техника со значително помала потрошувачка.

Овој авион може да носи 12 тона товар 3700 километри или 20 тони 2000 километри, или пак 90 падобранци.