Спецназ добива дополнително „Око“ за супер-тајни операции

Слободан Ѓукиќ
Минијатурниот уред му овозможува на командантот да ги препознае своите борци во многу сложени услови на битка и да ги командува без употреба на стандардна радиокомуникациска опрема.

Во задолжителната тактичка опрема на борбените единици на Спецназ ќе се најде уникатниот ултракомпактен уред наречен „Око“, кој ќе ги идентификува војниците во услови на намалена видливост.

Во принцип, овој уред наликува на вообичаеното тактичко светло кое се инсталира на борбениот шлем, униформата или стрелечкото  оружје на борецот. Неговата тежина не надминува 60 грама, а обезбедува стабилна радиоврска на растојание и до 5 км.

„Око“ им овозможува на командантите на јуришните и диверзантските одделенија непречено да ја одредат точната локација на својата единица, без оглед на времето на денот, како и без употреба на радиокимуникација да заповедаат со сите елементи во својот тактички тим. Со овој уред можат многу успешно да се координираат борбените дејствија во текот на ноќните воздушно-десантни операции.

Уредот е дизајниран од страна на компанијата „Зенит“ и во моментов се тестира во оперативните единици за специјални намени. Врз основа на овој тест уредот може дополнително да се подобри, а неговото воведување во вооружувањето на специјалните единици се очекува веќе во следната година. За него веќе покажаа интерес специјалните единици во рамките на руската армија, како и сличните состави од Росгвардија.

„Око“ може да се инсталира на врвот на падобранот или да се распореди според тактичката десантна основа во услови на ноќен падобрански десант. При употреба уредот испушта светлина во различни бои кои можат да се менуваат во зависност од ситуацијата.

На пример, црвената боја ќе послужи кога е неопходно да се осветлат затворени објекти или особено мрачен терен, сината ќе открие траги од крв и ќе пронајде погоден борец за да обезбеди прва медицинска помош, а инфрацрвеното зрачење ќе овозможи тајно препознавање на луѓето во борбената група.

„Око“, исто така, обезбедува можност за скриено примопредавање на сигнали на оперативната команда без употреба на радио уред, со помош на Морзеовата азбука. Податоците се пренесуваат со помош на копчињата кои се наоѓаат на површината на уредот.

Уредот може во секој момент да му покаже на командирот каде точно се наоѓаат неговите војници. Доволно е преку радио врска да се испрати кратка и однапред договорена лозинка, по што сите војници ги префрлаат своите уреди во инфрацрвен режим на работа и ја насочуваат светлината кон небото. Со користење на термовизиско средство командантот на овој начин може многу лесно да добие информација за тоа каде се наоѓа и како е распоредена неговата борбена група.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња