Зошто еден руски механичар прави армија роботи во Сибир?

Reuters
Сергеј Кулагин одамна се занимава со поправка на автомобили, а неодамна дошол на идеја да прави роботи. Денес неговата импозантна армија машини брои неколку стотици „војници“. Има ли тој и неговите терминатори планови поврзани со освојување на светот?

1) Сергеј Кулагин, кој живее во сибирското гратче Дивногорск, со години работел како обичен автомеханичар сè дури во 2011 година на изложба не видел антропоморфна фигура од метал. Тогаш дошол до заклучок дека тој може да го направи истото тоа, само уште подобро, па така започнува необичната приказна за неговото хоби.

2) Повеќе од шест години Кулагин прави роботи од автомобилски делови. Тој и понатаму работи како автомеханичар, но голем дел од слободното време го посветува на своето хоби.

3) Кулагин има направено над 300 различни фигури од метал – диносауруси, пожарникари, инсекти, спортисти – и уште ги прави.

4) Кулагин во своето хоби користи материјал кој ќе му се најде при рака, без посебен план и систем. Секој робот е уникатен. Кај овој мајстор не можат да се најдат два слични робота. Мошне е важна импровизацијата: кога ќе почне да работи на некоја фигура Кулагин често ни самиот не знае што ќе излезе од неа на крајот.

5) Овие роботи не се софистицирани машини со сложени шеми, и секако немаат вештачка интелигенција. Мошне се едноставни.

6) Сепак, за некои работи се добри. Самураша Дивгор („Самурајчето Дивгор“) користи далечински управувач и ги движи рацете, прстите и главата, па дури и намигнува со десното око.

7) „Децата“ на Кулагин најпрво стоеле во неговата работилница, но тој набрзо сфатил дека таму нема доволно место за сè поголемата колекција. Поради тоа Сергеј во близина на Краснојарск отворил музеј познат како Работилница и музеј „побуна на машините“. Посетителите можат да ги гледаат и да ги допираат роботите, да видат како се движат, а на некои можат дури и да седат. Еден огромен кентавр го обезбедува влезот во музејот. 

8) Музејот е воедно и продавница така што посетителите можат да го купат роботот што ќе им се допадне. Штом ќе се продаде еден, на неговото место набргу доаѓа друг.

9) Ова е постапокалиптично возило од филмот „Лудиот Макс“ направено од делови на автомобилите Субару и Жигули.

10) Роботот Предатор може да свети со фарови од Мерцедес и да пушта музика преку автомобилските звучници. Добар е за журка!

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија
Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња