Преоран полигон: Снимена проба на артилериски „оркестар“

Наука и технологија
ИВАН МОРОЗОВ
На интернет е објавена видео снимка на здружена примена на орудија за огнена поддршка на вежбите на полигонот Чебаркуљ кај Челјабинск.

Телевизијата „Ѕвезда“, која го сними ова видео, прецизира дека се работи за здружена борбена група за огнена поддршка, која се состои од неколку помали подгрупи во рамките на кои се наоѓаат единици со различни огнени средства за уништување на копнени цели. Оваа група подразбира усогласена работа во реално време со истурени извидувачко-диверзантски групи и средства за воздушно извидување кои оперираат во поблиската позадина на непријателот.

Во видеото кое трае само една минута е прикажана примената на цевкаста и ракетна артилерија, повеќецевните ракетни фрлачи „Буратино“, тактички ракетни системи и јуришна авијација.

На снимките од беспилотните летала се гледа теренот кој буквално е преоран од експлозиите. Во реален воен конфликт тешко дека некој би ја преживеал таквата усогласена и прецизна концентрација на оган која според својот еквивалент може да се изедначи со тактички нуклеарен удар.

За собирање на информации за непријателот се користени системите „Стрелец“, „Фара“ и беспилотни летала, а со оклопно-механизираните групи се управуваше од еден центар. Ефективите од примената на ваквата тактика каде што сѐ е централизирано, комуникациски вмрежено и усогласено до крајни граници, е уништување на непријателот без оглед на степенот на неговата увежбаност и силата на неговите огнени позиции со истовремено минимални загуби за напаѓачот.