Новиот руски кабриолет „Крим” ќе се продава со три пакети на опрема

Наука и технологија
РИНА БИКОВА
Конструкторите на новиот модел работат на три пакети со различни цени и подготвуваат де лукс, средна и економична варијанта.

Како што тврдат инженерите, кај сите верзии на автомобилот моторот ќе се наоѓа пред задната осовина, т.е. како кај моделите на „Порше“ Boxster и Lotus. Со оглед на оваа карактеристика, „Крим” може да се спореди са тркачки болид.

Просечната маса на рускиот кабриолет со две седишта е 850 килограми, додека де лукс верзијата достигнува 950 килограми. Автомобилот е проектиран врз платформа на моделот Lada Kalina.

Каросеријата е изработена од квалитетен легиран челик со додаток на алуминиум. Спојлерите во основната верзија се изработени од ABS пластика, додека поскапите верзии ќе ги имаат овие елементи од композитна пластика, базалтно влакно, карбон или нивна комбинација.

Инженерите од Московскиот државен технички универзитет „Бауман” направија друг прототип кој се разликува од првиот според дизајнот и техничките параметри. По тестирањето конструкторите планираат да вклучат инвеститори во проектот и да започна сериско производство на новото возило.