УАЗ претстави полициска „марица“ базирана на „Профи“

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Фабриката за производство на автомобили од Улјановск на изложбата „Интерполитех-2017“ претстави линија автомобили наменети за специјалните служби.

На штандот на компанијата се изложени две специјални возила наменети за пограничните служби и превоз на затвореници, склопени врз база на возилото UAZ Profi.  Возилото со еднострана кабина, предвидено за превоз на граничари со службеним кучиња, е опремено со платформа со страни на спуштање, звучник, рефлектори со далечинско управување и други уреди.  

„Марицата“ е произведена по специјални барања на МВР, еднострана кабина и специјална каросерија опремена со сигнални звучници, систем за видео надзор на колона и одделни камери, радио-станица и друга опрема.

УАЗ инаку се занимава со производство на патнички возила со погон на сите тркала и минибусови. Фабриката годишно произведува 105 илјади возила. Во 2000 година таа стана дел од концернот Sollers кој произведува повеќе од 10 модели на УАЗ и ги испорачува во повеќе од 20 земји.