Треба ли воопшто да се споменува дека „Собољ” може да совлада секаков пат и секакво беспаќе? Наменет е за движење по терен со многу пречки, по длабок снег, мочурлив терен, а совладува и водени пречки.
Возилото има можност за вклучување на погон на четири тркала и две блокади. Растојанието од подлогата до најнискиот дел на каросеријата (клиренс) изнесува дури 530 милиметри. Во предниот и задниот дел на „Собољ” се поставени понтони кои му овозможуваат да се одржи на вода дури и под потполно оптоварување.
Меѓу другото, новото возило има грејач на моторот пред палењето, пропелер, системи за испумпување на вода и регулирање на притисокот во гумите. Во возилото можат да се возат до 10 лица. Во случај на потреба, задниот дел на возилото може да биде променет во платформа за превоз на товар.