На германските експерти не им се допада Lada Vesta

Наука и технологија
ИВАН МОРОЗОВ
Рускиот седан веќе неколку месеци е достапен на германскиот пазар и добро се продава, но од страна на експертите од клубот ADAC, сепак, доби негативни оценки.

Германските автомобилски стручњаци не се задоволни од квалитетот на склопување на моделот Lada Vesta, како ни од квалитетот на кабината на ова возило.

Овој модел од руско производство се продава на германскиот пазар по цена од 12.740 до 13.740 евра, што е во ранг на пример со новиот Volkswagen Polo кој чини 12.975 евра.

Кога Lada Vesta се појави во Германија, бројни експерти побрзаа да ја тестираат, а автомобилот во целина доби голем број добри оцени.