Која е првата личност што се возеше во Кремљ во електричен автомобил?

Кралот на Саудиска Арабија Салман бин Абдулазиз Ал Сауд и рускиот претседател Владимир Путин на средба во Кремљ.

Кралот на Саудиска Арабија Салман бин Абдулазиз Ал Сауд и рускиот претседател Владимир Путин на средба во Кремљ.

Алексеј Николски/Уред за печат и информации на рускиот претседател/TASS
Придружбата му ја сочинуваат 1000 луѓе, а тој ги резервираше сите најлуксузни московски хотели.

Москва во моментов е домаќин на многу важен гостин. Првпат во историјата во посета на Русија пристигна кралот на Саудиска Арабија, Салман бин Абдулазиз Ал Сауд.

Луксузните хотели во рускиот главен град се пребукирани, затоа што придружбата на кралот ја сочинуваат 1000 луѓе. Руските новинари исчекуваа навала од Саудијци на аеродромот и оттогаш го следат секој нивен чекор. Слетувањето на кралот не тргна според очекувањата – дојде до дефект на специјалниот лифт, што значеше дека кралот мораше да се симне пешки од авионот – не многу лесна задача за 81-годишниот крал.

Пред посетата кралот постави единствено барање: побара електричен автомобил кој би го возел низ палатата во Кремљ. Саудиските власти беа загрижени дека кралот ќе биде принуден во текот на телевизиската средба со Владимир Путин да оди повеќе отколку што неговото тело може да издржи. Традицијата налага дека кралот мора сам да оди без ничија помош, но како што дозна специјалниот дописник од Кремљ Андреј Колесников, кралот всушност чекори многу брзо.

Истовремено имал и уште една молба: да се вградат држачи до скалите на палатата. Колесников не може со сигурност да каже дали кралот ги користел.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња