Шефот на руската држава, кој на 8 март беше во посета на медицинска установа, ја праша својата соговорничка каква кола вози. Таа одговори дека вози „Калина“.
„Добар автомобил. Навистина, добар е“, истакна претседателот на РФ, пренесува „Лента.ру“.
Путин ја тестираше „Лада Калина“ во август 2010 година додека беше премиер на Русија. Тој го возеше автомобилот од Хабаровск до Чита. Во текот на четирите дена тој помина со автомобилот околу 2,2 илјади километри и во целина беше задоволен од самото возило.
Во октомври 2015 година претседателот возеше во Сочи и друг новитет на „АвтоВАЗ“ – „Лада Веста“.
„Одлична кола, многу добра, брзо забрзува, лесна за управување“, изјави тој.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче