„Во суштина тоа е стандардна единица не само по својата комплетираност и опременост со современи средства за вооружување, туку и поседувањето најдобри показатели за обученост на живата сила“, изјави Сердјуков, пренесува РИА „Новости“.
Според командантот на руските ВДВ, во Псковската единица на статусот „удрни“ соодветствуваат една полковска тактичка и една баталјонска тактичка група. Освен тоа, во ВДВ има уште неколку „ударни“ баталјонски и четни тактички групи, како и разузнавачки единици.
Сердјуков додаде дека на полигонот „Струги Красние“ во Псковската област ќе се појават нови објекти кои ќе овозможат примена на најновите и перспективни примероци на вооружување и воена техника. Во јули таму ќе се одржат полковски тактички воени вежби на десантните единици со примена на современа борбена и специјална техника.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче