Руската војска ќе добие опрема „Ратник 3” со вграден егзоскелет

Новата опрема ќе има егзоскелетна конструкција, систем за прикажување на информациите и целите на визирот, системи за одржување на микроклима и за следење на состојбата на војникот.

За руската војска се изработува апсолутно уникатната најнова борбена опрема „Ратник 3” со вграден егзоскелет и систем за прикажување на информациите на визирот, соопшти командантот на Копнените сили на РФ генерал-полковник Олег Саљуков.

Според него, во рамките на научно-истражувачкиот проект „Ратник 3” се работи на унапредување на опремата „Ратник” што ја користи руската војска во моментов, пренесува „Взгљад”.

„Новата опрема ќе ги задржи најуспешните технички решенија од „Ратник“, но тоа ќе биде опрема со принципиелно повисоко ниво според сите системи кои го сочинуваат: системот за заштита, гаѓање, снабдување, управување и енергетскиот систем. Ќе има егзоскелетна конструкција, систем за прикажување на информациите и целите на визирот или заштитните очила, системи за одржување на микроклимата и за следење на состојбата на војникот“, изјави Саљуков.

Министерството за одбрана на Русија во февруари соопшти дека сите припадници на руските мировни сили ја добиле опремата „Ратник”.

Во јануари Саљуков изјави дека во 2016 година Копнената војска ќе добие преку 50 илјади комплети од новата борбена опрема „Ратник”, додека минатата година доби 80 илјади комплети.

 

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња