НАСА: Моќта на експлозијата на метеоритот во Русија е еднаква на 20 Хирошими

Според оценката на научниците од НАСА, моќта на експлозијата која се случи при влегувањето на метеоритот во атмосферата, а кој потоа падна во Челјабинската област, изнесува 300 килотони.

Според оценката на научниците од НАСА, моќта на експлозијата која се случи при влегувањето на метеоритот во атмосферата, а кој потоа падна во Челјабинската област, изнесува 300 килотони. Тоа е 20 пати повеќе од атомската бомба која беше пуштена над Хирошима.

Специјалистите во НАСА, исто така, појаснија дека небеското тело влезе во атмосферата со брзина од 18 км во секунда и експлодирало на височина од 19 до 24 километри над површината на земјата. Дијаметарот на објектот изнесувал 15 метри, масата - 7 илјади тони.

Тоа е најголем метеорит од времето на Тунгуската катастрофа во 1908 година.

Претходно НАСА даде известување за тоа дека челјабинскиот метеор и астероидот 2012 DA14, кој помина многу близу до Земјата - не се поврзани меѓу себе.

Од ударниот бран од експлозијата настрадале 1.200 луѓе, 2.962 згради и домови, од кои повеќе од 360 училишта и детски градинки. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња