Според него, овој систем ќе се состои од ракети кои во себе ќе имаат радиоелектронски средства чија активност до крајни граници ќе ги мултиплицира објектите како ракети кои се гледаат во радарскиот спектар.
Ова може да предизвика страшен шок и еден вид парализа кај противничките пилоти или оператори кои работат на радарско-набљудувачките системи.
Се очекува овој систем да биде готов за 2-3 години кога би почнал да се вградува како задолжителна опрема на овие авиони. Во моментов руската војска поседува елементи на електронска борба кои можат да имитираат ракетен напад на далечина до 20 км. Наредната генерација на овој систем ќе има значително поголем домет, како и способност за создавање на пореалистична илузија која во голема мера може да ја наруши борбената способност на условниот непријател.