Објавено ново видео од „убиецот на стелт авиони”

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
На интернет се појави нов видео-клип посветен на новиот руски повеќенаменски суперманеварски авион-ловец.

Во видео-клипот на телевизискиот канал „Ѕвезда“ кој трае 90 секунди, рускиот ловец Су-35 е опишан како убиец на „стелт авиони“, а споменати се и одделни карактеристики на овој ловец од генерацијата 4++.

Су-35 е темелно модернизиран Су-27, а од Су-30 се разликува по тоа што е едносед. Особено е истакнато дека Су-35 може да се спротивстави на авионите од петта генерација. На пример, благодарение на радарскиот систем „Ирбис“ тој открива цели во радиус од 400 км, а во воздушна битка може да гаѓа 8 цели истовремено. Покрај тоа, Су-35 е веќе тестиран во Сирија каде учествуваше во напади врз објекти на терористи.

Во моментов руското воено воздухопловство во својот арсенал има повеќе од 60 авиони Су-35С.