Запознајте ја новата заштитна униформа за руските тенкисти: 6Б48 „Ратник-ЗК“

Наука и технологија
СЛОБОДАН ЃУКИЌ
Сите руски екипажи на тенкови, борбени возила за пешадијата, оклопни транспортери и самоодни хаубици во текот на големата воена вежба „Запад-2017“ првпат масовно ги носеа новите заштитни комплети 6Б48 „Ратник-ЗК“.

Овој комплет е специјално дизајниран за екипажите кои се во оклопните единици на руската војска. Ова не е првпат тенкистите да ја користат оваа посебна униформа. Меѓутоа, тоа беше на малите воени вежби од тактички формат и никогаш не толку масовно применети како на неодамна завршената вежба „Запад-2017“.

Конечно може да се каже дека руската армија во целост го надомести  технолошкиот заостаток во сферата на индивидуалната заштита  на тенкистите во однос на војските на земјите-членки на НАТО. Дотолку повеќе што новата руска униформа според севкупните карактеристики го надминува квалитетот на најдобрите странски аналози.

Во состав на комплетот 6Б48 „Ратник-ЗК“ спаѓаат :

Балистичките карактеристики на панцирот се такви што тој може да задржи фрагменти од експлозија кои летаат со брзина од 550 м/с. Неговата површина е 45 дм2, а вкупната маса не надминува 3,20 кг. Тука е и балистичкиот заштитен шлемофон. Тој ја штити главата од фрагменти на експлозија кои летаат со брзина од 630 м/сек. Неговата маса не надминува на 1,92 кг. И конечно, тука е и комбинезонот кој во целост го покрива телото на тенкистот. Неговите карактеристики се такви што може да издржи отворен пламен во траење од 15 секунди кој се јавува како резултат на пробивање на оклопот (кумулативен млаз) и пожар во внатрешноста на тенкот. Ова време е сосем доволно екипажот да се поврати од ударот и да го напушти уништеното борбено возило.

Според воените експерти, масовната примена на оваа униформа во понатамошната експлоатација ќе ги идентификува нејзините  евентуални недостатоци кои ќе се коригираат во од, со што ќе се добие една совршена заштитна униформа која драматично ќе го зголеми степенот на преживување на тенковските екипажи.