Томограф за изградба на 3Д модел на ретината ќе се произведува во Русија

Научник во лабораторија.

Научник во лабораторија.

Getty Images
Новиот систем е наменет за дијагностика на состојбата на предниот и задниот дел на окото.

Новиот оптички кохерентен томограф, развиен од страна на компанијата „Швабе“ заедно со Институтот за применета физика на Руската академија на Науките (ИПФ РАН) за изградба на 3Д-слика на ретината, ќе започне масовно да се произведува во 2019 година. Ова го соопшти прес-службата на холдингот, пренесува ТАСС.

„Наведениот оптички томограф овозможува на бесконтактен начин да се добие слика на истражуваниот објект. Засега се тестира макета на томографот, а пуштањето во сериско производство е планирано во нашето претпријатие во 2019 година“, изјави Вадим Колготкин, генерален директор на Красногорскиот завод „С.А. Зверев“.

Новиот систем е наменет за дијагностицирање на состојбата на предниот и задниот дел на окото. Како што изјавија стручњаците во претпријатието, томографот овозможува длабочина на скенирање до 3 мм и овозможува да се добие висок квалитет на слика на потребниот орган со брзина од 20 илјади скенови во секунда.

Високата резолуција дава можност да се видат патолошките промени на ретината  кои се недостапни за традиционалните методи на дијагностиката на око, како што е офталмоскопијата.

Партнер во овој проект е Институтот за применета физика на РАН. Институцијата е родоначалник на оптичката кохерентна томографија во Русија. Благодарение на постигнувањата на научните соработници на институтот, во средината на 90-тите години на ХХ век беше создаден широк спектар на уреди за оптичка кохерентна томографија за различни области на клиничката медицина.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња