Министерството за одбрана на Русија одобри план за модернизација на „Искандерите“

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Министерството за одбрана на Русија одобри план за модернизација на оперативно-тактичките ракетни системи „Искандер-М“. Се очекува дека наведените системи во различни модификации да се најдат во состав на вооружувањето на руската армија во наредните 20-30 години, изјави главниот конструктор на Конструкторското биро за машиноградба Валериј Кашин.

„Постои желба да се оди понатаму, така што ние сега подготвивме предлог до Министерството за одбрана, тој поминува низ фаза на одобрување и во принцип веќе е одобрен. Не треба да се почнува од нула, треба да се работи на развивање на постојните можности на системот. „Искандер“ ќе постои долго време. Јасно е дека мора да живее уште 20-30 години, барањата и задачите ќе се менуваат и тој мора на соодветен начин да ги решава“, изјави Кашин.

Тој исто така потсети дека наесен „Конструкторскто биро за машиноградба“ ќе им го испорача на Вооружените сили на Руската Федерација последниот бригаден комплет „Искандер-М“ според договорот од 2011 година (овој договор предвидуваше испорака на 10 бригадни комплети).

Оперативно-тактичкиот ракетен систем „Искандер-М“ е намене за тајна подготовка и нанесување на високо прецизни ракетни удари врз различни цели во оперативно-тактичка длабочина со гарантирано погодување на цели на растојание од 50 до 500 километри, на различни фази на борбено дејствување, во сите услови, вклучувајќи  и активно констрадејство на противникот со средства за потивракетна одбрана и електронско војување.

Во моментов завршува испораката на бригадните комплети „Искандер-М“ за руската војска, според договорот што Министерството за одбрана на РФ го потпиша во 2011 година. Покрај тоа, во текот на форумот „Армија-2017“ потпишан е и дополнителен договор за испорака на два бригадни комплети со овие системи.

Руската армија се засили со „Искандери“ и „Калибри“