Во моментов, на барање на Министерството за одбрана на РФ се развива нова борбена опрема која ќе биде презентирана до крајот на 2017 година. Работниот наслов на новата воена униформа е „Ратник-3“.
„Решивме да ја искористиме идејата на „Лего“ играчките“, изјави Олег Фаустов, главен конструктор во Централниот научно-истражувачки институт за прецизна механика. „Во секој момент ќе можете да ѝ додадете на основната униформа работи потребни на одреден вид на војска или единица. Создадовме униформа во која на војниците ќе им биде удобно да ги извршуваат борбените задачи“.
На основната униформа можат да се додадат околу 60-70 елементи, а секој војник може да ги додаде потребните компоненти на оружје и уреди.
Совршено оружје
Дмитриј Семизоров, директор на Централниот научно-истражувачки институт за прецизна механика, изјави дека војската ќе почне да ја користи новата опрема дури по 15 години.
„Комплетот, најверојатно, ќе се состои од шлем со вграден нишан, униформа, систем за ориентација и комуникација, подобрени елементи за балистичка заштита, обувки, контејнер за оружје и муниција и егзоскелет“, објасни Семизоров.
Новата униформа е усовршен модел на постојниот „Ратник“. Првата верзија имаше неколку десетици елементи кои не беа во интеракција, а понекогаш и пречеа. Дизајнерите потоа работеа на „Ратник-2“ кој не е довршен. „Ратник-3“ нема да ги има претходните недостатоци.
Семизоров додава дека секоја нова генерација на „Ратник“ е полесна од претходната, има подобра технологија и нови функции. Егзоскелетот е посебен костур кој им помага на војниците да се движат побрзо и да можат да издржат до 100 килограми.
Дизајнерите нудат два вида на егзоскелети, и двете верзии ги помина почетните испитувања. Егзоскелетот го прима сигналот на телото, а потоа реагира со зацврстување или опуштање.
Уште една новина е вградениот во шлемот систем за откривање на пријатели и непријатели.
Заштита од климатски промени
Шлемот, исто така, ќе биде опремен со систем за проценка на физиолошката состојба на војникот, додека униформата ќе може да се адаптира на климатските услови.
„Униформата е погодна за температури кои се движат од -50 до +50 степени Целзиусови степени“, изјави Фаустов. „Постои летна, преодна и зимска верзија. Ни претстои да направиме систем кој ќе ја анализира состојбата на војникот, а потоа по потреба да го загрее или да го олади. Засега посебно внимание се посветува на зрачењето, хемиската и бактериолошката заштита и заштитата од електромагнетно зрачење“.
Униформата, исто така, ќе има систем за давање прва помош.
Работа над униформата на рускиот војник на иднината започна кон крајот на седумдесеттите и почетокот на осумдесеттите години. Дотогаш САД, Велика Британија, Западна Германија, Филипините, Кина, Обединетите Арапски Емирати и Јапонија веќе имаа модерни воени опреми. Првата униформа „Ратник“ е тестирана 2012 година.
Опремата „Ратник“ тестирана на издржливост на куршум од снајпер „Драгунов“