БМД-4М: паднат од небо

Александар Рјумин / ТАСС
Во тек е тестирањето на десантното борбено возило од четвртата генерација БМД-4М со помош на најмодерниот падобранско-десантен систем Бахча-У. Се покажа дека приземјувањето на возилото е релативно благо, по што е решено до 2017 година десантните единици да го добијат ова модрено „летачко“ десантно борбено возило кое сосе посадата се исфрла од авион директно на бојното поле.

За време на тестирањето на новиот падобрански систем Бахча-У најмодерното десантно возило, почнувајќи од ноември 2015 година, е 11 пати исфрлено од тешкиот транспортен авион Ил-76. Патем, исто толку главни падобрани има и самиот систем Бахча-У. Тој се состои од 11 гигантски куполи, а секоја од нив е со површина од 350 квадратни метри и е голем колку куќа на кат. Технолошките решенија применети во овие огромни падобрани овозможуваат да се намали преоптовареноста на посадата за време на приземјувањето на возилото. Штом десантното возило ќе се приземји, падобраните автоматски се откачуваат, така што посадата и возилото веднаш можат да стапат во бој.

Десантните единици се наменети за дејствување во длабока позадина на непријателскиот фронт без поддршка од тенкови или од артилерија, така што за нив борбеното возило на пешадијата е вистински спас. Современото возило БМД-4М може да мине над 500 километри со еден резервоар, развива брзина од 70 километри на час, има зајакнат оклоп и зголемена огнена моќ. Благодарение на овие карактеристики групата на „крилата пешадија“ за кусо време може без загуби да нанесе тежок удар на непријателот на негова територија.

Единствено што е потребно е оклопната техника да се испорача непосредно на бојното поле, и нејзиното десантирање од авион да биде безбедно за луѓето што седат во возилото. Невозможно е да се одвои посадата од возилото, зашто во таков случај ќе биде изгубено драгоцено време по приземјувањето, со оглед на тоа дека посадата мора да стаса до десантното борбено возило и да го подготви за борба, а губењето време во борбени услови неизбежно причинува поголеми човечки жртви. Токму поради тоа посадата на десантното борбено возило останува во возилото за време на десантирањето.

Значи, потребно е тешката оклопна техника па „падне од небо“, но без загуба на борбениот квалитет и без опасност за посадата. Ова воопшто не е едноставно да се постигне, со оглед на тоа што БМД-4М е тежок 13.5 тони, односно е за 5 тона потежок од претходниот модел БМД-3, поради модернизираното вооружување и поголемото количество муниција.

За време на тестирањето на десантно-падобранскиот систем Бахча-У, извршено кој крајот на минатата година, воениот врв се увери дека БМД-4М може да биде исфрлен од авион заедно со посадата, без опасност по животот на луѓето што се наоѓаат во возилото, и дека може прецизно да се приземји на определеното место.

Русија е единствена земја која практикува исфрлање на десантно возило од авион заедно со посадата. Французите се обидоа да направат сличен систем, но се откажаа од проектот кога еден член од посадата загина за време на тестирањето. Другите европски земји не се ни обиделе да исфрлат возило од авион заедно со посадата.

Тестирањето на десантно-падобранскиот систем Бахча-У сè уште не е завршено и ќе трае до крајот на 2016 година, сооштија за „Руска реч на македонски“ од холдингот „Технодинамика“, кој го конструираше овој систем. Испораката на десантно-падобранскиот систем за армијата ќе започне во 2017 година.

БМД-4М, како и претходниот модел БМД-3, може да лета со падобран, да ита по копно, но и да плови. Во вода развива брзина од 10 километри на час. Водените препреки ги совладува без никакви претходни подготовки. Ваквата универзалност на борбените возила е засолжителен услов кој го поставува рускиот воен врв кога станува збор за производство на десантни оклопни возила за пешадијата.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња