Претседателот на Русија Владимир Путин изјави дека руските спортисти на Олимписките игри во Рио де Жанеиро покажаа вистинско мајсторство, храброст, издржливост и желба за победа. Таква карактеристика искажа тој, обраќајќи им се на учесниците на меѓународниот турнир во борбено самбо „Плотформа С-70“ во Сочи, пишува „Лента.ру“.
„Сигурен сум дека сите борци ќе покажат вистинска вештина, издржливост, храброст и волја и упорност за постигнување на своите цели. Токму овие квалитети целосно ги покажаа руските олимпијци во Рио де Жанеиро на Олимписките игри во 2016 година“, истакна шефот на руската држава.
Путин со задоволство истакна дека значителен придонес во ризницата на медали на рускиот национален тим „традиционално беше даден од страна на претставниците на различните видови боречки вештини“.
„Ние и понатаму ќе го развиваме масовниот спорт, ќе ги поддржуваме нашите олимпијци, и тогаш задолжително во Русија ќе има нови спортски победи, успеси, рекорди, и што е најважно, ќе расне силна, здрава млада генерација која ќе се гордее со својата татковина, која е свесна за својата одговорност кон земјата, сака спорт, ги избира вредностите на активниот и здрав начин на живот“, изјави Путин.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче