Претседателот на Србија Томислав Николиќ му врачи на министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров, кој е во работна посета на Белград, орден на Српското знаме од прв степен.
Одликувањето му беше врачено на рускиот министер за исклучителни достигнувања во развојот и зајакнувањето на мирољубивата соработка и пријателските односи меѓу Србија и Руската Федерација.
„Ова е голема чест не толку за мене, колку за целиот колектив на нашето министерство за надворешни работи. Ова е доказ дека нашите српски пријатели му даваат на надворешнополитичкиот аспект на нашето партнерство особено значење. Тоа е навистина така, можеме да видиме како интересите на Србија и интересите на Русија поведуваат кога дејствуваме заедно на меѓународната сцена“, изјави Лавров по врачувањето на орденот, пренесува РИА „Новости“.
Како што истакна министерот, Москва го цени личниот придонес на претседателот Николиќ во развојот на пријателските односи меѓу Русија и Србија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче