Медиуми: Сестрите Вилијамс користеле допинг со дозвола на ВАДА

„Освојувачите на медали на Олимписките игри во Рио редовно користеле забранети супстанци, при што имале дозвола да ги користат во терапевтски цели. Со други зборови, тие имале дозвола за допинг“, се вели во соопштението на хакерите од групата „Фенси Беар“.

Тенисреките Серена и Венус Вилијамс со дозвола на Светската антидопинг агенција (ВАДА) користеле забранети препарати за терапевтски цели, се вели во документите објавен од страна на групата хакери „Фенси Беар“, кои провалија во базата на податоци на Агенцијата.

„Денеска би сакале да ви зборуваме за олимписката репрезентација на САД и нејзините валкани методи кои ги користат за постигнување на победи. Тимот на САД доминираше на Олимпијадата во 2016 година, освојувајќи 46 златни, 37 сребрени и 38 бронзени медали. Тимот на САД имаше добар настап, но нечесен. По деталното проучување на базата на податоци на ВАДА, утврдивме дека голем број на американски спортисти имале позитивни допинг-тестови“, соопштија хакерите, пренесува „Взгљад”.

„Освојувачите на медали на Олимписките игри во Рио редовно користеле забранети супстанции, при што имале дозвола да ги користат за терапевтски цели. Со други зборови, тие добиле дозвола за допинг. Ова е уште еден доказ дека ВАДА и медицинскиот и научниот оддел на Меѓународниот олимписки комитет се корумпирани и лажливи“, се вели во соопштението на хакерите.

Објавените документи покажуваат дека американската гимнастичарка Симона Бајлз не била дисквалификувана, иако нејзиниот допинг-тест бил позитивен.

Според овие податоци, Серена Вилијамс во 2010, 2014 и 2015 година со одобрение на ВАДА користела оксикодон, хидроморфон, преднизон, преднизолон и метилпреднизолон. Нејзината сестра Венус во периодот од 2010 до 2013 година имала дозвола за употреба на преднизон, преднизолон, триамцинолон и формотерол. Во документот не се наведени дијагнозите поради кои агенцијата донела вакви одлуки.

Бајлз во август 2016 имала позитивен тест на метилфенидат (стимуланс), но сепак отиде на Олимписките игри во Рио, каде што освои четири златни медали. Таа исто така во периодот од 2012 до 2014 година имала дозвола да користи амфетамини, односно декстроамфетамини.

Уште еден победник од Рио, американската кошаркарка Елена Деле Дон, во август 2016 била позитивна на амфетамини, а во 2014 година добила дозвола за земање на амфетамини и хидрокортизон. Сите овие супстанци се наоѓаат на листата на WADA за забранети препарати.

Меѓународната тениска федерација потврди дека добил известување од Светската антидопинг агенција за тоа дека нејзината база на податоци е пробиена. 

„Меѓународната тениска федерација денеска доби известување од ВАДА дека е пробиена антидопинг базата на организацијата АДАМС и дека копии од сертификатите со кои се овозможува терапевтска употреба на препарати се објавени на интернет. Ние работиме со антидопинг агенцијата за да се утврди природата и размерот на пробиените информации. Дополнителни коментари ќе следат откако сите информации бидат собрани“, изјави претставник на Меѓународната тениска федерација.

 

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња