Претседателот на САД Доналд Трамп сака да се договори со Владимир Путин за значително намалување на нуклеарните арсенали во замена за делумно или за целосно укинување на економските санкции.
„Тие [западните земји] ѝ воведоа санкции на Русија. Ајде да видиме дали можеме да склучиме некои добри зделки со Русија. Мислам да започнеме со тоа дека нуклеарното оружје треба да биде намалено значително“, рече Трамп за Тајмс. „Да почнеме со тоа, дека нуклеарното оружје би требало да се намалува и тоа да се намалуваат значително, тоа е дел од работите. Русија сепак страда многу сега од санкциите, само мислам дека може да се случи нешто од кое многу луѓе ќе имаат придобивка“.
Новата изјава на Трамп е во спротивност со изјавите на крајот на 2016 година. Пред еден месец првиот човек на Белата куќа гледаше акутна потреба за својата земја „значително да го засили и да го зголеми својот нуклеарен потенцијал“.
Москва засега се воздржува од давање оценки на новите изјави на претседател на САД. Портпаролот на претседателот на Руската Федерација, Дмитриј Песков, ги повика новинарите „да имаат трпение“.
„Ајде да се вооружиме со трпение, да почекаме господин Трамп стапи на функцијата претседател, а потоа ќе даваме проценки на едни или други иницијативи“, изјави пред инаугурацијата на Трамп Дмитриј Песков.
„Овој предлог е поволен за Русија и ако тоа биде направено, треба да го прифатиме. Само што Трамп е непредвидлив: денес вели едно, а утре друго. Треба да почекаме официјален предлог до Путин или барем телефонски повик до шефот на Министерството за надворешни работи Сергеј Лавров од новиот државен секретар на САД“, изјави за „Руска реч на македонски“ генерал-мајорот во пензија и главен научен соработник на Институтот за светска економија и меѓународни односи при Руската академија на науките Владимир Дворкин.
Според него нема ништо ново во предлогот за намалување на нуклеарните арсенали - Барак Обама зборуваше од 2013 година за потребата да се намали бројот на распоредените нуклеарни боеви глави за уште една третина.
Во согласност со Прашкиот договор од 2010 година, САД и Руската Федерација дефинираa „плафон“ од 1.550 распоредени нуклеарни боеви глави на сите видови носачи.
„Од 2013 година ние се спротивставивме со сите сили против ново намалување, наведувавме целосно неосновани аргументи - зборувавме за ЕвроПРО; стратешки ненуклеарен удар; размислувавме дека намалувањето на арсеналот ќе влијае на потенцијалот на руското нуклеарно одвраќање, дури и кога нашите специјалисти наведуваа обратни аргументи кои произлегуваат од резултатите од истражувањата“, истакнува Дворкин.
„Американците нудат да се намали бројот на распоредените нуклеарни боеви глави до 1.000 и на сите видови носачи до 500. Сепак, треба да е јасно дека за Русија и за САД нуклеарното оружје има поинакво значење. За Москва тоа е средство за одвраќање, а за Вашингтон - бреме што не може да се користи на бојното поле, чие опслужување чини големи пари“, изјави за „Руска реч на македонски“ полковникот во пензија и воен експерт на ТАСС Виктор Литовкин.
Како замена за нуклеарното оружје Американците развиваат и вложуваат во оружјето на ракети со обични боеви празнења, кои по моќност не отстапуваат од атомски боеви глави, вели тој.
„При современата војна не е потребно оружје со експлозивна моќност од 300 килотони и девијација на ракетата од целта десетици километри. За разлика од комплексите од пред 50 години, денес сите оружја се со голема прецизност. Доволен е и обичен боев полнеж од 100 килотони, кој не остава зад себе радиоактивна загаденост и нема толкав психолошки ефект за луѓето во целиот свет“, додава аналитичарот.
Според него за успех во преговорите со Русија за нуклеарното разоружување треба не само да се укинат санкциите, но и да се намалат тензиите во геополитичкото опкружување во Европа и во светот.
„Ќе биде проблематично да се водат преговори со Москва за намалување на бројот на атомски боеви глави, кога во балтичките земји се појавуваат нови единици на НАТО, а на територијата на Полска и на Романија се поставува комплекс за противракетна одбрана (ПРО), кој од одбранбен систем може да биде преквалификува во офанзивен“, додава експертот.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче